Омилениот рецепт на кралското семејство за колачиња со ѓумбир

Колачињата со ѓумбир се омилените слатки во божикниот период, па ни британското кралско семејство не е исклучок од тоа.

omileniot-recept-na-kralskoto-semejstvo-za-kolachinja-so-gjumbir-01.jpg

На традиционалната кралска божикна вечера секогаш има колачиња со ѓумбир, а оваа година „протече“ и нивниот омилен рецепт, според кои се подготвуваат во кралската кујна.

Она што се нагласува на сајтот Royal.uk е дека овој рецепт не е измислен, ниту традиционален за кралското семејство, туку е варијанта која нив им е омилена.

Затоа, рецептот сега е достапен за сите оние кои се заинтересирани да го направат:

Потребни состојки:

  • 200 грама саморастечко брашно
  • Една лажица мелен ѓумбир
  • Една лажица мешавина од зачини (каранфилче, ванила, цимет)
  • 100 грама несолен путер
  • 75 грама темно кафеав шеќер
  • 25 грама шеќер во прав
  • 50 милилитри млеко

omileniot-recept-na-kralskoto-semejstvo-za-kolachinja-so-gjumbir-02.jpg

Подготовка:

Измешајте го брашното со зачините, а потоа и со путерот исечен на парчиња. Мешајте со прсти, додека да добиете ронлива смеса. Додадете го млекото за да добиете тесто. Оставете го да отстои најмалку 2 часа.

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Тестото расукајте го во кора од која ќе сечете форми со помош на калап. Можете и со рака да правите топчиња и да ги расплескувате во дискови. Редете ги колачињата во тава со хартија за печење. Пред печењето ставајте по малку шеќер во прав врз секое колаче.

Печете на 180 степени Целзиусови. Најчесто се печени за 20-25 минути. Пред да ги декорирате треба целосно да се изладат. Употребете ројал ајсинг или стопено чоколадо за декорација.

omileniot-recept-na-kralskoto-semejstvo-za-kolachinja-so-gjumbir-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...

Најчитани неделава