Баклава која може да ја направите сами, без помош од „постарите домаќинки“

Традиционален десерт кој сите го обожаваат, а ретко кој успева и се нафаќа да го направи.

baklava-koja-mozhe-da-ja-napravite-sami-bez-pomosh-od-postarite-domakjinki-01.jpg

Овој рецепт за баклава е веројатно еден од најлесните, а ќе успеат да го подготват дури и оние кои не се вешти во кујната и немаат многу искуство зад себе.

Изненадете ги најблиските со вкусна и сочна баклава, за која нема да има потреба да барате помош од „постарите домаќинки“ во семејството.

Направете си го омилениот десерт сами во било кое време – баклава која се топи во уста:

Потребни состојки:

  • Кори за баклава
  • 2 стапчиња
  • 500 g шеќер (за шербет)
  • 250 ml вода (за шербет)
  • Цимет (за шербет)
  • 2 лажици сок од лимон (за шербет)
  • Една кора од лимон (за шербет)
  • Каранфилче (за шербет)
  • 100 g ф’стаци
  • 100 g ореви
  • 100 g бадеми
  • 300 g путер (за премачкување кори)

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете ги водата, шеќерот, циметот, лимонот и каранфилчето и ставете да се вари, а потоа оставете го шербетот да се излади.

Исечкајте ги или смелете ги јаткастите плодови. Редете по 3 кори една врз друга и на секоја од нив премачкувајте или пропрскувајте со стопениот путер.

На најгорната кора, наредете ги смелените јаткасти плодови. На средината поставете ги двете стапчиња, свиткајте ги корите на половина и потоа сролајте ги околу стапчињата. Направете набори и извадете ги стапчињата.

Наредете ги ролните во плех, премачкајте ги со путер, исечете ги на пола и печете 70 минути на 160˚С. Истурете го шербетот одозгора и натопете ги добро сите ролни, па оставете да отстои така.

Декорирајте со рендана кора од лимон и мелени ореви и уживајте во вкусот.

Погледнете ја целата постапка на видеото:

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Rotolini di baklava: il dolce turco che vi farà letteralmente venire l'acquolina in bocca!

Oggi voliamo in Turchia, alla scoperta di un dolce unico che ha conquistato il mondo intero. State a guardare :)

Posted by Cucina Fanpage on Sunday, 3 February 2019

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Зорка Јанчева - Рецепт за домашни грклани, десерт што ќе ве освои на прв залак Иако можеби и нема голема разлика помеѓу гркланите купени во продавница и оние ш...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава