3 идеи за нови појадоци од состојки кои веќе ги имате во фрижидер

Зошто да не се обидете да одвоите малку време и да ги изненадите најблиските со вкусен појадок подготвен со секојдневни состојки, но на нов начин?

3-idei-za-novi-pojadoci-od-sostojki-koi-vekje-gi-imate-vo-frizhider-01.jpg

Наместо да јадете обично лепче со намаз, салама и кашкавал, направете вкусни печени ролати или сендвичи од кои ќе се топи кашкавал.

Нема да потрошите многу повеќе состојки од вообичаено, а задоволството ќе биде преголемо кога сите ќе го видат резултатот.

Денот најдобро започнува со вкусен појадок, па одвојте малку време наутро и усреќете ги најблиските со некој од овие 3 рецепти...

1. Мини ролат од леб

Потребни состојки:

  • 12 парчиња тост леб
  • 6 парчиња кашкавал
  • 6 парчиња салама по избор
  • 75g путер
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка балсамико
  • 1 лажичка сусам

Начин на подготовка:

Преклопете две срединки од леб и со сукало спојте ги и издолжете ги. Одозгора ставете парче кашкавал и салама и сролајте ги. Од ролната исечете 4 парчиња и наредете во плех за печење.

Во тавче стопете го путерот, додадете ги сенфот и медот, а потоа и балсамико, оставете една минута и тргнете од оган.

Смесата полека истурајте ја врз ролните, наросете сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 180˚С околу 20 минути.

Целосна видео постапка изгледајте тука.

2. Сендвичи потопени во сос

Потребни состојки:

За сос:

  • 25g путер
  • 25g брашно
  • 500ml топло млеко
  • Сол, оригано, бибер

За сендвичи:

  • 8 сендвич лепчиња
  • 12 парчиња кашкавал
  • 8 парчиња салама
  • 2 тенко сечени домати
  • ½ шолја рендан пармезан
  • Зачини за вкус

Начин на подготовка:

Во тавче стопете го путерот и додадете го брашното. Мешајте полека, а кога ќе се појават меурчиња, постепено додавајте го млекото. Оставете сосот да се згусне и зачинете, па тргнете од оган.

Исечете ги сендвич лепчињата на пола и долните делови наредете ги во сад за печење. Одозгора наредете ги парчињата кашкавал, салама и домати и истурете тенок слој од сосот одозгора, па затворете ги лепчињата со горниот дел.

Одозгора истурете го преостанатиот дел од сосот и наросете со пармезан. Печете на претходно загреана рерна на 180˚С околу 15 минути.

Целата постапка погледнете ја во видеото:

/" data-width="630" data-show-text="false">
/" class="fb-xfbml-parse-ignore">
/">Bauruzinho Na Travessa

Esse simples e prático BAURUZINHO na travessa é o motivo perfeito para convidar os seus amigos em casa!

Posted by Tastemade Brasil on Monday, 14 January 2019

3. Мини француски лиснати со сланина

Потребни состојки:

  • 200g сланина, сечкана на мали коцки
  • ½ шолја млеко
  • ½ шолја вода
  • 4 лажици путер
  • Прстофат сол
  • 1 ¼ шолја брашно
  • 3 изматени јајца
  • 1 шолја рендан кашкавал
  • Магдонос, ситно сечкан
  • ½ шолја пармезан

Начин на подготовка:

Во едно тавче запржете ја сланината додека не стане крцкава и тргнете ја на страна. Во друго тавче, ставете ги млекото, водата, путерот и солта.

Кога смесата ќе почне да врие, додадете го одеднаш брашното и измешајте добро со дрвена лажица додека се соедини.

Додавајте ги постепено матените јајца и соединете ја смесата. Потоа додадете го ренданиот кашкавал, сланината и магдоносот. Измешајте ја смесата добро и ставете ја во шприц (или имрповизиран шприц).

Формирајте топчиња врз хартија за печење поставена во плех и со мокар прст нежно притиснете го врвот. Наосете го пармезанот и печете во претходно загреана рерна на 200˚С околу 15 минути. Потоа намалете ја температурата на 180˚С и печете уште 15 минути.

Целосната постапка погледнете ја во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=J4ZZ1FDNbrs

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...

Најчитани неделава