Десерт за почетници: Најлесната чоколадна торта која се прави во блендер

Доколку мислите дека не постои рецепт кој ќе ви успее од прва, се лажете, бидејќи го откривме рецептот за најлесната чоколадна торта.

desert-za-pochetnici-najlesnata-chokoladna-torta-koja-se-pravi-vo-blender-01.jpg

За оваа чоколадна торта сè што треба да направите е да ги ставите состојките во блендер, да ја истурите смесата во калап и да ставите да се пече.

Дури и оние кои немаат никаков талент за готвење, не може да ја утнат оваа торта.

Рецепт за најлесната чоколадна торта која се топи во уста...

Потребни состојки:

  • 1 лименка кондензирано млеко
  • 1 пакување павлака за готвење без млеко
  • 1 шолја какао
  • 1 лажица стопен путер
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 4 лажици шеќер
  • Рендано чоколадо или чоколадни трошки за декорација

Начин на подготовка:

Изматете ги во блендер сите состојки освен чоколадните трошки.

Истурете ја смесата во кружен калап со дупка на средина, претходно премачкан со путер.

Ставете да се пече 1 час во претходно загреана рерна на 180˚С, врз сад со вода.

Откако ќе ја извадите тортата од рерна, оставете малку да излади, па оставете ја 3 часа во фрижидер.

Извадете ја од калапот и декорирајте со чоколадни трошки.

Целата постапка погледнете ја вов идеото:

/" data-width="630" data-show-text="false">
Brigadeirão

Brigadeirão é uma sobremesa clássica e você pode fazer em casa! Receita completa: http://tastemade.com.br/videos/brigadeirao

Posted by Tastemade Brasil on Sunday, 7 February 2016

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Во кујна со Зорка Јанчева - Рецепт за домашни грклани, десерт што ќе ве освои на прв залак Иако можеби и нема голема разлика помеѓу гркланите купени во продавница и оние ш...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава