Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Десерт на денот: Лесен ролат полнет со Нутела

Ако сте од оние кои обожаваат секакви видови на рецепти со Нутела, овој десерт мора да заврши на вашата листа за готвење. 

chokoladen-rolat-so-vkus-na-nutela-i-portokal-01.jpg

Ролат полн со Нутела и прелиен со чоколаден фил и кора од портокал е нешто на што нема да одолеете.

Комбинација од чоколадо и портокал – неодолив вкус.  

Потребни состојки:

  • 9 белки
  • 9 жолчки
  • 2/3 шолја шеќер + ¼ за наросување
  • ½ шолја бело брашно 1 кора од лимон
  • 300g полу-рендано темно чоколадо
  • 150g слатка павлака
  • 1 ¼ Нутела (или друг крем по желба)
  • 1 шолја кристализирана лушпа од портокал

Начин на подготовка:

Изматете ги со миксер прво белките, а потоа додадете ги жолчките додека смесата не се соедини. Додадете го шеќерот и мешајте добро.

Постепено додавајте го брашното во смесата, додадете ја кората од портокал и истурете ја смесата врз хартија за печење поставена на сад.

Ставете да се пече на претходно загреана рерна од 180˚С околу 30 минути.

Во меѓувреме, загрејте ја слатката павлака и додадете го ренданото чоколадо. Мешајте додека не се стопи чоколадото и смесата не стане мазна. Оставете да се олади.

Кога ќе ја тргнете тортата од рерна, превртете ја на чиста крпа и наросете ја со шеќер.

Намачкајте со сок од портокал со помош на четка и намачкајте го кремот. Завиткајте ја внимателно додека е топла.

Прелијте ја со чоколадниот прелив и наросете кристализирана кора од портокал.

/" data-width="630" data-show-text="false">
Rocambole de Laranja e Nutella

Que tal fazer um rocambole delicioso de laranja recheado de nutella e com uma incrível cobertura de chocolate? ?? Receita completa: https://bit.ly/2smON0w

Posted by Tastemade Brasil on Saturday, 23 June 2018

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Елка од ролати и уште 2 празнични рецепти за поубава божиќна трпеза Елка направена од мини ролатчиња од зелени палачинки, корнети во форма на елка о...
Посни бомбици со портокал, одличен десерт за велигденските пости Без оглед дали ќе постите еден ден, една недела или во сите денови од постот пре...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg