Идеално велигденско благо - Розен бајадери со плазма и ореви

Дали ви е потребен брз и едноставен рецепт за претстојните велигденски празници? Нешто што се подготвува едноставно, а од кои ќе излижете прсти и вие и гостите?

Rozen-bajaderi-so-plazma-i-orevi-01.jpg

Доколку обожавате бајадера време е да подготвите една мала варијација на рецептот. Овој вклучува розен кори кои најмногу нè потсетуваат на детството.

Потребни состојки:

  • 1 пакување розен кори
  • 500 ml млеко
  • 300 gr шеќер
  • 150 gr путер
  • 100 gr бело чоколадо
  • 300 gr мелен плазма кекс
  • 250 gr мелени ореви

Глазура:

  • 100 gr чоколадо
  • 3 лажици масло

Начин на подготовка:

1. Ставете го млекото во подлабок сад на оган и додадете го шеќерот. Мешајте додека не се стопи во млекото.

2. Кога ќе почне да врие додадете го путерот и искршеното бело чоколадо на парчиња.

3. Мешајте додека сè добро не се соедини. Потоа тргнете го тенџерето од огнот и додадете ја плазмата и мелените ореви. Измешајте ја смесата и оставете ја добро да се олади.

4. Почнете со мачкање на розен корите, но немојте да ставите премногу фил. Доволни ви се 4 мали лажички врз секоја кора, рамномерно намачкани.

5. Откако ќе ги намачкате и наредите сите розен кори една врз друга, покријте ја бајадерата со крпа и ставете некој потежок предмет врз неа, плех или книга, со цел да ја притисне бајадерата и добро да ја соедини. Оставете ја да отстои така 1 час.

6. Во меѓувреме, подгответе ја глазурата. На пареа стопете го чоколадото за готвење со 3 лажици масло. Полијте ја розен бајадерата со глазурата.

7. Оставете ја во фрижидерот добро да се стегне, додека не се спојат сите вкусови. Потоа, исечете ја на мали правоаголници и послужете на собна температура.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава