Викенд ручек: Полнети компири на 4 начини

Уште еден рецепт кој задолжително мора да го пробаат љубителите на ручек со компир - полнети компири на 4 начини.

vikend-ruchek-polneti-kompiri-na-4-nachini-01.jpg

Кога немате идеја што да зготвите, а сакате нешто вкусно со што ќе ги изненадите најблиските, овој рецепт нема да ве разочара вам, ниту оние кои ќе го пробаат ручекот.

Подгответе 4 различни филови, или одберете еден омилен од оние во продолжение и наполнете ја кората на компирите, испечете ги и уживајте во неодоливо задоволство.

Компири на 4 начини - викенд ручек од кој сите ќе бараат уште...

Потребни состојки

Прв начин:

  • 2 голем компири
  • 4 парчиња салама
  • 150g кашкавал, рендан
  • 100ml павлака за готвење
  • ¼ лажица морско оревче
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица бибер
  • Зеленило за сервирање

Втор начин:

  • 2 големи компири
  • 2 парчиња пилешки гради, сварени и ситно сечкани
  • 100g чедар кашкавал, рендан
  • 50g моцарела сирење
  • 2 лажици чили сос (или некој мексикански лут сос)
  • 100ml кисела павлака
  • ½ лажица сол
  • Зеленило за сервирање

Трет начин:

  • 2 големи компири
  • 10 парчиња сланина, сечкана и пропржена
  • 4 колбаси, зготвени и исечкани
  • 10 парчиња кулен, сечкани
  • 100ml кисела павлака
  • 100g чедар кашкавал, рендан
  • 50g моцарела сирење
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица бибер
  • Зеленило за сервирање

Четврти начин:

  • 2 големи компири
  • 250g печурки, сечкани и пржени на путер
  • 250g спанаќ
  • 1 чешне лук, ситно сечкан
  • 100ml павлака за готвење
  • 100g чедар кашкавал, рендан
  • 50g моцарела сирење, рендано
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица бибер
  • Зеленило за сервирање

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180⁰C. Исечете ги компирите на половина по должина. Извадете ја средината од компирот и ставете ја во сад. Корите о д компирите наредете ги во плех со масло и печете ги 15 минути.

Зависно од полнењето кое сакате да го направите, мешајте ја средината на компирот со состојките за секој фил посебно и наполнете ги компирите, па повторно ставете да се печат додека не се стопат состојките и не добијат убава боја.

Изгледајте го видеото за детално упатство:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...

Најчитани неделава