Брз и здрав десерт – Вкусна гранола готова за 20 минути

Маркетите се преплавени со гранола во сите можни комбинации - со јатки, со суви овошја, без шеќер, но најслатката гранола доаѓа директно од вашата рерна. 

Sovrsena krckava i zdrava granola 01

Ова е едноставен рецепт што се учи напамет, а кога еднаш ќе го усовршите може да ги менувате намирниците по сопствен вкус. Најважно е да не се препече и комплетно да се олади пред да ја складирате во херметички сад.

Овие едноставни чекори се доволни за да направите совршена и здрава гранола. 

Состојки:

  • 1 чаша безглутенски овесни снегулки
  • ¼ чаша таан
  • 4 до 5 сецкани урми
  • ¼ чаша несолени индиски ореви
  • ½ чаша кокосови снегулки
  • 3 до 4 лажици какао во прав
  • 1 до 2 лажици цимет

Начин на подготовка

Со дехидратор или во рерна - по ваш избор:

Загрејте го дехидраторот на 50°C и поставете го на тајмер од 6 часа. 

Може да се пече и во рерна - загрејте ја рерната на 150°C. Измешајте ги сите состојки заедно во сад за мешање додека не добиете рамномерна смеса.

Ставете ја мешавината во блендер и мешајте неколку секунди, само за да ја распаднете гранолата, но не треба да стане прав. Идеално е да блендирате 3 пати по 5 секунди и да промешувате пред секое блендирање.

Откако ќе постигнете соединетост на смесата по ваш вкус, ставете ја гранолата во дехидраторот и оставете ја полека да стане крцкава. Потребни се околу 6 часа, но во суштина се работи за личен избор.

Доколку ја подготвувате во рерна доволни се 20 минути.

Чувајте ја гранолата во херметички сад во вашата кујна или во фрижидерот доколку сакате да биде ладна. Додадете свежо овошје и уживајте. Вака приготвената гранола трае три недели.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава