Летен десерт: Јаготки полнети со чоколадна смеса

Во пролетните и летни денови нема ништо поубаво од слатки, чоколадни задоволства во комбинација со јаготки.

desert-na-denot-jagotki-polneti-so-chokoladni-kolachinja-01.jpg

Наместо да јадете обични јаготки или само да ги потопувате во стопено чоколадо, пробајте нешто ново што нема да ве разочара.

Јаготки полнети со чоколадни браунис колачиња, потопени во црно и бело стопено чоколадо.

Звучи примамливо? Изгледајте го видеото, набавете ги потребните состојки и не чекајте долго пред да го пробате овој десерт.

Потребни состојки:

  • 24 големи јагоди
  • 1 кутија микс за браунис колачиња (подготвено според инструкции на пакувањето)
  • 115g крем сирење
  • 85g чоколаден чипс
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 170g квалитетно темно чоколадо (за потопување)
  • 170g квалитетно бело чоколадо (за потопување)
  • Чоколадни бисквити, сушено и рендано овошје, чоколадни и шарени трошки за декорација по желба

Начин на подготовка:

Подгответе ги браунис колачињата според инструкциите на пакувањето, па извадете ги од рерна и оставете да се излади смесата во фрижидер околу 20 минути.

Додека се лади смесата, исчистете ја внатрешноста на секоја јагода од горниот дел и поставете ги во мини калапи за мафини.

Во голем сад, измешајте крем сирење со миксер додека не омекне. Додадете го чоколадниот чипс, екстрактот од ванила и изладената смеса за браунис и мешајте додека смесата не се соедини.

Земете една лажица од мешавината и направете топче со рацете. Така направените топчиња поставете ги во празниот дел од јагодите.

Изладете ги јагодите во фрижидер околу 30 минути. Ставете ги црното и белото чоколадо во два посебни сада и стопете ги (може во микро, на интервали од 30 секунди, вкупно 1 минута).

Потопувајте ги јагодите во белото и црното чоколадо наизменично и наросете ги со додатоци по желба.

Видео од целата постапка:

/" data-width="630" data-show-text="false">
Brownie Truffle Stuffed Strawberry Pops

Make these deliciously fried brownie bites for your favorite person ?? Full recipe: https://tasty.co/recipe/brownie-truffle-stuffed-strawberries Recipes, food quizzes, cooking hacks, and more sent to your inbox via the Tasty newsletter. Sign up now ? https://bzfd.it/2BwmYsd

Posted by Tasty on Thursday, 18 April 2019

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава