Брза летна пита со тиквички, колбас и сирење

Сезоната на тиквички е во полн ек, па време е да ги искористите во лесен и интересен рецепт, бидејќи веруваме дека похувањето ви е веќе здосадено.

Brza-letna-pita-so-tikvicki-01.jpg

За оваа пита ви се потребни лесно достапни состојки, а нејзината подготовка е едноставна и неверојатно брза. Одлична за појадок, вечера или мезе, научете како се подготвува оваа брза пита со тиквички, колбас и сирење.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 2 колбаси (или виршли, по желба)
  • 4 јајца
  • 50 g рендано сирење
  • 50 g фета сирење
  • 3 лажици кисела павлака
  • 6 лажици брашно
  • Магдонос, сол, црн бибер

Начин на подготовка:

1. Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете да отстојат околу 20 минути, додека да пуштат малку вода.

2. Исечкајте го колбасот на ситни парченца.

3. Прецедете ги тиквичките и во подлабок сад добро измешајте ги со сите горенаведени состојки.

4. Смесата префрлете ја во тавче обложено со хартија за печење или премачкано со масло.

5. Ставете уште малку рендано сирење најгоре и печете во загреана рерна на 180˚С околу половина час или додека питата не добие златножолта боја.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...

Најчитани неделава