Брзо мезе за ненајавени гости - палачинки со рендани тиквички

Тиквичката е еден од најомилените летни зеленчуци. Лесна, вкусна, содржи малку калории, а одлично се вклопува во предјадења, главни јадења, супи и салати.

Palacinki-so-rendani-tikvicki-01.jpg

Практично сè може да направите со тиквички. Нашиот предлог овој пат е брз рецепт за појадок, ручек или мезе за ненајавени гости.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички (околу 650 gr.)
  • 1 лажичка сол
  • 2 јајца
  • 100 gr. Брашно
  • 3 лажици овесни снегулки
  • ½ лажичка сол
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • Маслиново масло
  • 200 gr. кисела павлака
  • 2-3 кисели краставички
  • Семки од тиква
  • 1 лимон

Palacinki-so-rendani-tikvicki-02.jpg

Начин на подготовка:

1. Изрендајте ги тиквичките во подлабок сад. Посолете ги и оставете ги да отстојат 10 минути. Исцедете го вишокот вода од нив.

2. Додадете ги јајцата, брашното, овесните снегулки, црвениот пипер, сол и бибер по вкус. Добро измешајте ја смесата.

3. Намачкајте ја тавата со маслиново масло и обликувајте мали палачинки од смесата. Пржете на средна температура додека добро не заруменат.

4. Подгответе го сосот од павлака, рендани кисели краставички и црн бибер. Потпечете ги семките од тиква на тивок оган.

5. Послужете ги палачинките со подготвениот бел сос. По желба врз нив може да додадете цеден лимон и потпечени семки од тиква.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...

Најчитани неделава