Сладолед од лаванда и лимон – слатко, декадентнo уживање

Овој интересен спој на вкусови дефинитивно не е за сечие непце, но е наменет за оние кои сакаат да експериментираат. И секако, оние кои обожаваат сладолед не би имале ништо против да го вкусат ова ледено, летно уживање.

Sladoled-od-lavanda-i-limon-01.jpg

Главните две состојки се лимон и лаванда, вкусот е неверојатно освежителен, а изгледот е сосема друга приказна...

Потребни состојки:

  • 1 + ½ шолја полномасно млеко
  • 1 шолја шеќер
  • 5 жолчки
  • Прстофат сол
  • ½ шолја слатка павлака за готвење
  • ¾ сок од грозје (без додатен шеќер)
  • Сок од 2 лимони
  • 3 капки есенцијално масло од лаванда

Sladoled-od-lavanda-i-limon-(2).jpg

Начин на подготовка:

1. Загрејте на оган 1 шолја млеко со прстофат сол и полека додавајте го шеќерот со постојано мешање додека не се стопи.

2. Во подлабок сад изматете ги жолчките. Земете малку од стопленото млеко и добро измешајте ја оваа смеса. Полека започнете да ја додавате во тенџерето каде што е останатиот дел од зашеќереното млеко. Постојано мешајте на тивка кон средна температура додека кремот не почне да пушта меурчиња и не се згусне.

3. Тргнете го од оган и оставете го некоја минутка. Префрлете во друг, чист, подлабок сад и додадете го преостанатиот дел од млекото (половина шолја), слатката павлака, сокот од грозје + оној од лимон и 3 капки масло од лаванда.

4. Ставете го сладоледот во замрзнувач најмалку 6 часа. Декорирајте по желба во корнет или чаша со гранчиња лаванда.

Sladoled-od-lavanda-i-limon-(5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...

Најчитани неделава