Ќе излижете прсти - Летни кесадиљи со салца од домати

Во овој период од годината самата помисла на готвење ни предизвикува мачнотија. Гледаме да поминеме што е можно помалку време во кујната без дополнително да го вжештиме домот.

Letni-kesadilji-so-salca-od-domati-01.jpg

Доколку сакате да јадете нешто вкусно и здраво без да потрошите часови и часови над шпоретот и да го употребите главниот, летен адут – доматите, време е за кесадиљи:

Потребни состојки:

За салцата од домати

  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ шолја ситно сечкан млад кромид
  • 1 сечкана црвена блага пиперка
  • 1 лажица ситно сечкан лук
  • Малку ситно сечкана лута пиперка
  • 4 шолји ситно сечкани зрели домати
  • Сок од све лимети, плус ренданата кора
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • Сол и црн пипер

За кесадиљите:

  • 2 шолји зготвено пилешко месо, мисиркино или говедско, сечкано на ситни парченца
  • ½ шолја печурки или пченка (или пак зелен зеленчук по избор, како грашок, боранија, брокула)
  • 8 големи тортиљи
  • 2 шолји рендан кашкавал по желба кој добро се топи

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги сите наведени состојки за салцата со домати во подлабок сад. Покријте ја салцата и оставете да се маринира неколку часа. Може да ја направите дури и неколку дена порано и да ја чувате во фрижидер, секако нема да се расипе. Пред послужување извадете ја неколку минути на собна температура.

2. Измешајте го пилешкото месо (или некое друго од наведените по избор) заедно со пченката, печурките или зелениот зеленчук.

3. На загреано тавче подмачкано со маслиново масло на средна температура поставете една тортиља. Ставете малку од ренданиот кашкавал, па малку од смесата со месо и заленчук и повторно малку рендан кашкавал.

4. Покријте со уште една тортиља и со шпатула нежно притискајте ја во тавчето, сè додека не порумени.

5. Внимателно превртете ја од другата страна и печете додека не се вцрвени. Откако кесадиљата ќе се испече, префрлете ја на штица за сечење и исечете ја на осмини.

6. Послужете со салцата од домати.

 (О) Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...

Најчитани неделава