3 предлози за лесен ручек со зеленчук на скара

Не мора да ја користите вашата скара само за месо. Имено, зеленчукот приготвен на скара има одличен вкус, а секогаш е поздрава опција од месото. 

3-odlichni-predlozi-za-lesen-ruchek-so-zelenchuk-na-skara-01.jpg

Во продолжение погледнете три предлози за ручек со зеленчук на скара:

Вегетаријански ражничи

Потребни состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 чешне лук
  • 1 тиквичка
  • 4 помали домати
  • 2 главици кромид
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

Исечкајте ги пиперките и тиквичката на мали парчиња. Лукот исечкајте го ситно, а доматите на четвртини. Ситно исечкајте го и рузмаринот. Измешајте ги состојките и додајте маслиново масло. Додајте бибер и сол по вкус.

Земете 8 стапчиња за ражничи и на нив наредете го зеленчукот. Ставете ги на скара со средно јака жар и печете најмногу 12 минути со често превртување.

3-odlichni-predlozi-za-lesen-ruchek-so-zelenchuk-na-skara-02.jpg

Домати на скара со сос од сенф

Потребни состојки:

  • 2 средни домати
  • Сол и бибер
  • 3 лажици сенф
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 125 ml маслиново масло
  • Малку свеж магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте ја скарата и одржувајте ја со средно јака жар. Парчињата домат премачкајте ги со маслиново масло од двете страни. Додајте сол и бибер.

Во мал сад измешајте ги сенфот, оцетот, солта и биберот и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додајте и малку маслиново масло и исечкан магдонос.

Печете ги доматите околу 5 минути на секоја страна. Тргнете ги од скарата, па премачкајте ги од двете страни со сосот од сенф.

3-odlichni-predlozi-za-lesen-ruchek-so-zelenchuk-na-skara-03.jpg

„Шницли“ од карфиол

Потребни состојки:

  • 2 големи карфиоли
  • 1/4 шолја маслиново масло
  • 2 лимети
  • 2 чешниња ситно рендан лук
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица бибер
  • 1 лажица сол
  • 1/4 шолја ситно исечкан магдонос

Начин на подготовка:

Исечете го карфиолот на парчиња. Во сад измешајте ги маслиново масло и сокот од лимета, па додајте ги исечканиот лук и медот. Во друг сад измешајте ги пиперот и солта.

Загрејте ја скарата на среден оган. Премачкајте ги парчињата карфиол со масло и лимета, па ставете малку сол и пипер. Страната на којашто се солта и биберот ставете ја врз скарата. Печете 5 до 6 минути.

Тргнете го карфиолот од скарата и наросете со исечкан магдонос.

3-odlichni-predlozi-za-lesen-ruchek-so-zelenchuk-na-skara-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава