Десерти од само 2 состојки, од кои едната е Нутела

Бомбици со Нутела, освежителен и сладок сладолед или Нутела мус – кој ќе биде вашиот омилен десерт?

deserti-od-samo-2-sostojki-od-koi-ednata-e-nutela-01.jpg

Ако сте љубител на Нутела, овие рецепти нема да ве разочараат, бидејќи главната состојка им е вкусниот крем.

Се подготвуваат лесно и брзо, а не ви се потребни ниту многу состојки.

Пробајте да направите некој од овие 3 лесни и брзи десерти со две до три состојки, од кои едната е Нутела.  

Бомбици од Нутела

Потребни состојки:

  • 1 лименка кондензирано млеко
  • 150g Нутела
  • Чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Ставете ги кондензираното млеко и Нутелата во тавче да се загреат. Мешајте додека не се соедини смесата и не почне да се одлепува од дното.

Тргнете од оган и оставете да се излади. Со раце формирајте топчиња и извалкајте ги во чоколадните трошки.

Нутела сладолед

Потребни состојки:

  • 4 лажици Нутела
  • 500 ml млеко
  • 50g слатки бисквити

Начин на подготовка:

Ставете ги Нутелата и млекото во тавче на тивок оган. Мешајте додека смесата не се соедини целосно. Оставете да се излади. Искршете ги бисквитите на ситни парчиња или изблендирајте ги.

Ставете ја смесата во калапи за сладолед и оставете да се замрзнуваат 1 час. Извадете ги за да ги ставите стапчињата и вратете во замрзнувач уште 3 часа.

Нутела мус

Потребни состојки:

  • 300g Нутела
  • 240g слатка павлака
  • Рендано чоколадо

Начин на подготовка:

Ставете ги Нутелата и павлаката во сад и мешајте ги со миксер додека не се соедини смесата. Ставете ја смесата во чашки и оставете ги во фрижидер 1 час. Декорирајте со рендано чоколадо и послужете.  

Целата постапка за трите рецепти погледнете ја во видеото:

https://www.facebook.com/watch/?v=2225233694236504

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Кифлички со маслинки и морков по турски рецепт - ќе ги обожаваат сите Турските јадења и рецепти се многу прифатени и во нашата кујна, па можеби веќе и...
Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веро...
Во кујна со Ксенија Деспотоска - Телешка чорба и домашно лепче, идеален оброк за цело семејство „Нема ништо поубаво од неделните утра кога сите сме собрани заедно. Тие моменти ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...

Најчитани неделава