Летен колач без печење, со редени бисквити и праски

Овој лесен колач со праски со сигурност ќе ви стане омилен рецепт во чиј вкус ќе уживате цело лето.

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-01.jpg

Искористете ја сезоната на праските и наместо да уживате само во нивниот свеж вкус, вметнете ги во колач со уште неколку состојки.

Летниот колач се подготвува лесно, состојките се мешаат и редат, а нема потреба да го печете.

Можете да го наредите по желба и секој пат да експериментирате со додавање нешто ново за поинаков изглед и вкус. 

Потребни состојки:

  • 400g бисквити
  • 5 праски
  • 700ml вода
  • 8-10 лажици шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици густин + 10 лажици вода
  • 2 полни лажици мармалад од кајсии/праски
  • 1 шлаг
  • Декорација по желба

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-002.jpg

Начин на подготовка:

Излупете ги праските и исечкајте ги на ситни парчиња, па ставете ги во водата со шеќер и ванилин шеќер.

Оставете да се варат околу 5-10 минути, а пудингот и густинот изматете ги со 10-те лажици вода, па додадете ја мешавината во праските. Оставете да се вари уште кратко и пред да го тргнете садот од оган додадете го мармаладот.

Бисквитите наредете ги во длабок сад во еден или два слоја, а врз нив истурете тенок слој од топлата смеса и размачкајте убаво. Повторно наредете бисквити и намачкајте од смесата. Постапката повторувајте ја додека имате смеса, а најгоре оставете слој бисквити.

Ставете во фрижидер да се излади, а потоа ставете шлаг одозгора. Декорирајте по желба - со рендано чоколадо, парчиња праски, мелени лешници или бисквити или нешто друго по ваш избор.

Можете да експериментирате и да додадете повеќе праски, цели парчиња или смелени, сладолед, некој друг вкус или додаток – секојпат десертот може да изгледа различно.

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-02.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-03.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-04.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-05.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-06.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-07.jpg

leten-kolach-bez-pechenje-so-redeni-biskviti-i-praski-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...

Најчитани неделава