Декоративно и вкусно – ледена торта од сладолед и овошје

Доколку сакате слатки работи, а меѓу нив е секако и сладоледот, време е да ги искомбинирате вашите омилени десерти во еден – ледена торта со сладолед, кекси и овошје.

Ledena-torta-od-sladoled-i-ovoshje-01.jpg

Се подготвува лесно и брзо, а за изгледот навистина нема потреба да објаснуваме премногу, фотката кажува сè...

Потребни состојки:

  • 250 g бисквити по избор
  • 3 лажици растопен путер
  • 1.5 l малку стопен сладолед, со вкус по желбa
  • 200 g ситно, шумско овошје по желба

Начин на подготовка:

1. Ставете ги кексите во блендер и блендирајте ги додека не станат како брашно. Додадете ги трите лажици растопен путер и продолжете со миксирање додека не добиете еднолична смеса.

2. Префрлете ја смесата во кружен калап, по можност чиј обрач се отстранува, доколку имате. Колку калапот е помал, тортата ќе биде повисока, и обратно.

3. Добро натапкајте ја смесата од кекси. Врз неа прелијте го благо растопениот сладолед и обликувајте со шпатула.

4. Врз сладоледот распоредете го овошјето по желба. Оставете ја тортата во замрзнувач најмалку 8 часа.

Совет: За полесно отстранување на обрачот од калапот веднаш откако ќе го извадите од замрзнувачот, поминете го надворешниот дел од обрачот со крпа натопена со топла вода.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Рецепт за компот од јаболка и крушки - Есенски деликатес за сите сетила Кога времето почнува да заладува, еден од омилените мириси на многумина е мирисо...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...

Најчитани неделава