Брзо, здраво и вкусно – полнети ролнички од тиквички

Доколку сте расположени за здрав и вкусен ручек кој се подготвува брзо и лесно, го имаме решението за вас. Речиси сите обожаваат тиквички кои периодов ги имаме во изобилство, а за потребите на рецептот се подготвуваат во комбинација со пилешко месо.

Polnetirolnicki-od-tikvicki-01.jpg

Доколку ја изоставите моцарелата ќе добиете идеален Хроно ручек, доколку го следите овој режим на исхрана.

Исто така, овој ручек е безглутенски, па ова е само уште еден дополнителен плус.

Потребно ви е:

  • 350 gr пилешко филе
  • 1 + ½ шолја (или околу 450 gr) доматен сос
  • 3 средни тиквички
  • 2 шолји рендана моцарела

Polnetirolnicki-od-tikvicki-02.jpg

Начин на подготовка:

1. Загрејте на рерната на 180˚С.

2. Сварете го пилешкото филе или динстувајте го додека не се зготви.

3. Измијте ги тиквичките и исечете ги по должина на тенки листови. Подредете ги на штица за сечкање.

4. Во подлабок сад измешајте ги ситно исечканото и зготвено пилешко месо со 1 шолја доматен сос. Другата половина шолја доматен сос распоредете ја на дното на тавчето за печење.

5. Врз секој лист тиквичка распоредете 2-3 лажици од смесата и посипете со рендана моцарела. Завиткајте ролнички и наредете ги во тавчето за печење исправени нагоре.

6. Истурете уште малку доматен сос и рендана моцарела врз ролничките откако ќе ги направите сите.

7. Печете ги покриени со алуминиумска фолија околу 30 минути, и уште 15-20 минути без неа.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...

Најчитани неделава