Брзо мезе кое ќе им се погоди и на почетниците во кујна

Најбрзо и најлесно мезе со кое дури и неискусните во кујна ќе се покажат пред гости.

brzo-meze-koe-kje-im-se-pogodi-i-na-pochetnicite-vo-kujna-01.jpg

Наликува на пирошки, но се прави без тесто и без пржење. Сè што треба да направите е да испржите печурки со неколку додатоци, да ги замотате во кашкавал и салама, да ги извалкате во лебни трошки и да ставите да се печат.

Неодоливо мезе на кое никој нема да одолее, а рецептот е толку едноставен што не може да не ви се погоди.

Потребни состојки:

  • 250g печурки
  • Малку бело вино
  • Магдонос
  • Лук, кромид, маслиново масло
  • Сувомеснато – големи парчиња
  • Големи парчиња кашкавал
  • 2 јајца
  • Лебни трошки

Начин на подготовка:

Испржете ги печурките на малку масло, заедно со лукот и кромидот. Додадете малку вино за вкус и сол, а потоа оставете ги на тивок оган уште 15-тина минути.

Наредете ги парчињата кашкавал, а одозгора ставете парче сувомесното, па најгоре по малку од печурките.

Нежно роловајте ги и извалкајте ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки. Наредете ги во тава и печете на 190⁰С околу 15 минути. Послужете ги топли.

Изгледајте го видеото за детална постапка – рецептот за ова мезе е до 1:14 минута:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...

Најчитани неделава