Рецепт за најсовршениот пинџур што лесно може да го направите сами дома на шпоретот

Искусните домаќинки и готвачки постојано испробуваат многу рецепти. Но, навистина е тешко да се направи добра зимница во домашни услови, во смисла доколку немате премногу простор на располагање.

Recept-za-najsovrsheniot-pindzur-01.jpg

Сепак, една од нив го споделува рецептот за совршен пинџур што може да си го направите сами на шпоретот дома:

Потребни состојки:

  • 5 kg црвени, меснати пиперки
  • 3 kg домати
  • 100 g шеќер
  • 150 ml јаболков оцет
  • 300 ml сончогледово масло
  • 1 голема лажица ситна, морска сол
  • 1 помала китка свеж магдонос
  • 2 мали лажички лук во прав

Начин на подготовка:

1. За почеток, ќе ви бидат потребни 4 празни, чисти тегли од 750 g или пак 8 od 370 g. Потребно е добро да ги измиете и да ги стерилизирате на топло и секако, да бидат сосема суви.

2. Измијте ги добро пиперките и доматите и испечете ги во голем плех во рерната на 220˚C додека не поруменат. Бидејќи зеленчукот ќе пушта вода, со цел да не ви се „свари“, во текот на печењето исцедете ја водата од плехот и продолжете со печењето (наведената количина зеленчук ќе се испече на 4 пати во рерната).

3. Откако ќе се испече, ставете ги пиперките и доматите во ќеси и добро затворете ги за да се здушат. На тој начин полесно ќе ги излупите. По 2-3 часа, излупете го зеленчукот, вадејќи ги дршките и семето од пиперките. Исечкајте ги заедно со патлиџаните и исцедете ги уште малку низ цедалка, но не премногу, нека остане и малку од сокот.

4. Вака подготвениот зеленчук може веднаш да се свари или пак да се остави преку ноќ во фрижидерот и да се зготви утредента. Префрлете го исечканиот зеленчук во поголемо тенџере. Прво додадете го шеќерот, а потоа течните состојки, маслото и јаболковиот оцет.

5. Доколку ринглата ви е со јачина до 6, зеленчукот се пржи на 4. Се промешува на секои 5-10 минути, а доколку го пржите и подолго нормално треба да се промешува и почесто.

6. Пинџурот ќе биде готов за 50-60 минути. 10 минути пред крајот додадете го лукот во прав како и ситно исечканиот магдонос. Во оваа фаза проверете дали е добро посолен и доколку недостасува, додадете уште сол по вкус.

7. Жешкиот пинџур се префрла во чистите тегли и се враќаат во рерната уште 15 минути на 100˚C. Потоа, исклучете ја рерната и оставете ги уште 30 минути или додека не фатат „кора“ на површината.

8. Извадете ги од рерната, добро затворете ги со капачињата и оставете го пинџурот да се олади на темно и суво место.

Recept-za-najsovrsheniot-pindzur-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за меки, шарени земички - идеални за појадок или вечера Можете да ги јадете само така, или да ги користите за сендвичи - што и да решите...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава