Посна, здрава торта со темно чоколадо и банани

Вкусна и здрава торта која се подготвува неверојатно брзо. Идеален десерт за сите оние коишто постат, како и за сите вегани или вегетаријанци.

Posna-zdrava-torta-so-temno-chokolado-i-banani-01.jpg

Оваа торта ќе ви стане омилена, бидејќи е одличен избор за сите што сакаат да се хранат здраво.

Потребни состојки:

  • 15 суви урми
  • 250 g бадеми
  • 1/3 шолја соино, бадемово или овесно млеко
  • 170 g темно чоколадо
  • 2 банани

Posna-zdrava-torta-so-temno-chokolado-i-banani (4).jpg

Начин на подготовка:

1. Подгответе го тавчето за печење, подмачкувајќи го со тенок слој кокосово масло (правоаголен плех со димензии 35×12 или пак округло тавче за печење во пречник од 22 cm).

2. Исчистените урми ставете ги во блендер, додадете 200 g бадеми и блендирајте сè додека смесата не стане мазна (сепак, нормално е да ви останат мали, ситни парченца бадем со смесата).

3. Натапкајте ја смесата рамномерно на дното од плехот и по рабовите.

4. Чоколадото на ситни парченца ставете го во подлабок сад, а загреаното млеко кое веќе зоврело претходно истурете го врз чоколадото и мешајте додека не добиете убава смеса.

5. Истурете ја врз подготвеното „тесто“ од урми и оставете добро да се олади. На крајот врз чоколадниот слој ставете исечкана банана.

6. Може дополнително да ја украсите тортата со останатите 50 g бадеми кои крупно ќе ги исечкате или со уште малку течно чоколадо врз бананите, по сопствена желба.

7. Оставете ја тортата во фрижидерот да се стегне околу 1 час пред да ја послужите.

Posna-zdrava-torta-so-temno-chokolado-i-banani (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...

Најчитани неделава