Совршен есенски десерт: чоколадни брауни колачиња со крем од тиква

Конечно ја имаме есенската кралица на трпезата: тиквата. „Македонската банана“ како што многумина ја нарекуваат на шега, всушност нема ништо смешно во неа. Тиквата е сочна, здрава и превкусна.

Choko-brauni-kolacinja-so-krem-od-tikva-01.jpg

Во рецептот што ви го нудиме може да ја употребите на интересен и неочекуван начин – правејќи крем, односно фил од тиква.

Кога ќе се искомбинира со финото, меко тесто на меките брауни колачиња, знајте дека го имате најдобриот сладок рецепт за оваа есен:

Потребни состојки:

  • Готова мешавина за брауни колачиња
  • ½ kg свежа тиква
  • 5-10 лажици слатка павлака
  • 1 лажица цимет

Начин на подготовка:

1. Прво подгответе го кремот од тиква. Тиквата може да ја испечете или сварите, а потоа да ја ставите во блендер, заедно со слатката павлака, шеќерот и циметот. Количината на слатката павлака ја одредувате самите во зависност од густината на кремот.

2. Загрејте ја рерната на 220˚С. Подгответе ја смесата за брауни според упатството на кутијата. Во смесата слободно може да додадете уште малку рендано чоколадо за поубав и пораскошен вкус.

3. Подгответе тавче за печење, подмачкувајќи го со масло и хартија за печење. Истурете половина од мешавината за брауни колачиња. Внимателно вра смесата нанесете го кремот од тиква. На крајот додадете го преостанатиот дел од смесата за брауни колачиња и израмнете го со лажица.

4. Печете според упатството за подготовка колачињата, но додадете уште дополнителни 10 минути; на колачињата им е потребно малку повеќе време за печење поради филот од тиква (печењето треба да трае околу 35 минути).

5. Проверете со чепкалка дали колачот е испечен. На крајот оставате го да се олади и исечете на коцки.

Choko-brauni-kolacinja-so-krem-od-tikva (1).jpg

Choko-brauni-kolacinja-so-krem-od-tikva (2).jpg

Choko-brauni-kolacinja-so-krem-od-tikva (3).jpg

Choko-brauni-kolacinja-so-krem-od-tikva (6).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...

Најчитани неделава