Ручек за само 20 минути - потпечени тортелини во сос со растопен кашкавал

Имате само 20 минути за во кујната, а чувствувате потреба да вкусите свежи тестенини со многу сос и кашкавал кој се топи во устата? Ова е вистинскиот рецепт за вас. Потребни ви се само неколку едноставни состојки, се подготвува лесно и брзо, а нема да остане речиси ништо за репете.

Potpecheni-tortelini-vo-sos-01.jpg

Подгответе свежи, потпечени тортелини на следниот начин:

Потребни состојки:

  • 4 шолји свежи тортелини
  • 1+1/2 шолја доматен сос
  • 1+1/2 шолја рендана моцарела (или кашкавал по избор)
  • 2-3 лажици рендан пармезан
  • Свеж магдонос

Начин на подготовка:

1. Сварете ги тортелините според упатството (вообичаено им се потребни околу 6 минути варење во просек, во солена, зовриена вода).

2. Откако ќе се сварат префрлете ги во подлабок зад за печење. Истурете го доматниот сос, додадете рендана моцарела или кашкавал по избор (или пак комбинација од двете).

3. На крајот додадете го свежо изренданиот пармезан и печете во загреана рерна на 180 степени околу 8-10 минути.

4. Декорирајте со свежо исечкан магдонос и послужете го топло.

Potpecheni-tortelini-vo-sos (1).jpg

Potpecheni-tortelini-vo-sos (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава