Рецепт на денот: брз пица-ролат со готови кори

Дури и да не сте највештиот човек во кујната лесно може да подготвите пица со готови кори. Доколку ви е здодеано обичното тесто, готовите кори се одлична замена, а вкусот е неверојатен.

Brza-rolat-pica-so-gotovi-kori-01.jpg

Одличен домашен деликатес за појадок, ручек или вечера, еве како може да направите ролована пица со готови кори:

Потребни состојки:

  • 500 g готови кори за пита
  • 2 мали павлаки
  • Кечап или доматен сос
  • Пилешка или свинска шунка (по избор)
  • 150-200 g кашкавал
  • 400 g печурки
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло за готвење
  • Малку оригано и сол

Начин на подготовка:

1. Корите поделете ги на половина, бидејќи се подготвуваат 2 ролата. Секоја кора се премачкува со дел од состојките и се редат една врз друга.

2. Помешајте ги јајцата со маслото и додадете малку сол.

3. Првата кора се премачкува со ½ павлака.

4. Втората кора ја премачкувате со кечап и оригано.

5. Третата кора се премачкува со мешавината од јајца и масло.

6. На четвртата кора нанесувате шунка.

7. На петтата кора нанесувате парчиња кашкавал.

8. Шестата кора е резервирана за сечканите печурки.

9. Последната, седма кора ја премачкувате со преостаната ½ павлака и уште малку кечап.

10. Вака наредените кори внимателно ги виткате во ролат, наросувате оригано и печете во загреана рерна на 180 степени, додека не зарумени.

* Истата процедура се однесува и на втората половина од корите.

** По вкус може да додадете и кисели краставички или маслинки во некоја од корите, на пример заедно со кашкавалот.

Brza-rolat-pica-so-gotovi-kori (1).jpg

Brza-rolat-pica-so-gotovi-kori (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...

Најчитани неделава