Брз ручек и мезе – зачинети, пилешки плескавици со тиквички

Овие зачинети, мали плескавици со пилешко месо и тиквичка се одлично мезе, но и ручек кој се подготвува брзо и лесно.

Zachineti-pileshki-pleskavici-so-tikvicki-01.jpg

Може да ги јадете самостојно со сос по избор, со салата, во тортиљи… можностите се многубројни.

Потребни состојки:

  • 450 g пилешко месо, многу ситно сечкано, а може и мелено
  • 1 тиквичка со средна големина, излупена, изрендана и исцедена од вишокот вода
  • 1 чешне лук, ситно сечкано
  • ¾ лажичка сол
  • ½ лажичка црн бибер
  • ¼ лажичка кромид во прав
  • 1+1/2 лажица кокосово масло
  • *лебни трошки (по избор)

Начин на подготовка:

1. Помешајте ги сите наведени состојки (освен кокосовото масло) додека добро не се соединат. Смесата треба да биде влажна. Доколку сметате дека смесата ќе ви се распаѓа бидејќи е премногу мека, слободно додадете малку лебни трошки.

2. Формирајте мали топчиња, а потоа обликувајте ги во плескавички.

3. Пржете ги на загреано кокосово (или обично) масло на средна температура, 5-6 минути од секоја страна или додека плескавиците добро не се заруменат.

4. Сервирајте ги додека се топли.

Zachineti-pileshki-pleskavici-so-tikvicki (5).jpg

Zachineti-pileshki-pleskavici-so-tikvicki (3).jpg

Zachineti-pileshki-pleskavici-so-tikvicki (2).jpg

Zachineti-pileshki-pleskavici-so-tikvicki (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава