Зимски, празнични колачиња одлични за со чај, кафе и топло чоколадо

Овие празнични, шеќерни колачиња ќе ви го стоплат срцето и ќе ви го засладат мешето овој студен декември. Се прават многу лесно и брзо, а ќе уживате декорирајќи ги со своите најблиски.

Zimski-praznicni-kolacinja-01.jpg

Доколку немате идеја што да подарите некому, доза свежо печени колачиња е секогаш одлично решение.

Само внимавајте, едно колаче содржи 134 калории, па не претерувајте со јадењето, иако ќе биде прилично тешко да се воздржите од крцкавиот вкус:

Потребни состојки:

  • 1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца
  • 1 + ½ лажичка екстракт од ванила
  • ½ лажичка сол
  • 3 шолји сенаменско брашно
  • Декорации за колачиња и торти по избор
  • Модли со различни празнични форми

За филот:

  • 1 шолја несолен, омекнат путер на собна температура
  • 5 шолји шеќер во прав (+ уште малку доколку ви биде потребно)
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • ¼ неутрална павлака за готвење со висок процент на масленост
  • Прехранбени бои (по избор)

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги путерот и шеќерот во подлабок сад и матете со миксер околу 2 минути, додека смесата не стане мазна. Додадете ги јајцата едно по едно со непрестајно матење. Додадете го екстрактот од ванила и солта, а на крајот полека додадете го брашното, фино просеано.

2. Обликувајте го тестото во топка и завиткајте во го проѕирна фолија. Оставете го да се олади најмалку 1 час (а може да остане дури и 1 ден) во фрижидерот пред обликувањето на колачињата.

3. Загрејте ја рерната на 180˚С и ставете хартија за печење во плехот.

4. Поделете го тестото на 2 дела, едната половина вратете ја во фрижидерот (важно е смесата да остане ладна додека обликувате колачиња со помош на модли).

5. Развлечете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар и со помош на модли извадете колачиња во најразлични форми и големини. Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото додека целосно не го потрошите.

6. Откако ќе ги наредите во плехот оставете ги да се оладат околу 20 минути, а потоа печете во рерна 12-15 минути, но внимавајте да се заруменат само краевите на колачињата, останатиот дел треба да остане речиси бел. Оставете ги колачињата добро да се оладат пред да ги декорирате.

7. Подгответе го филот за декорација. Во подлабок сад изматете го путерот околу 1 минута додека не стане мек и воздушест. Додадете го шеќерот во прав, една по една шолја и на секое додавање матете без престан.

8. Додадете го екстрактот од ванила и павлаката и матетe додека смесата не стане мазна (доколку смесата ви е премногу густа слободно додадете уште малку павлака, а доколку сметате дека е течна тогаш додадете уште малку шеќер во прав).

9. Поделете го кремот во неколку помали садови и во секој од нив додадете прехранбени бои по избор. Добро измешајте. Декорирајте ги колачињата кога се целосно оладени премачкувајќи ги со кремот во различни бои и додавајќи украси и додатоци наменети за торти и колачи.

10. Послужете ги веднаш, а може да се чуваат и во кутии што не пропуштаат воздух до 5 дена.

Zimski-praznicni-kolacinja (5).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (4).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (3).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (2).jpg

Zimski-praznicni-kolacinja (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...

Најчитани неделава