3 десерти со новогодишни мотиви за празничните собиранки

Ако сте од оние на кои ниту една собиранка не им поминува без десерт, празниците се идеален период да покажете креативност.

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-01.jpg

Овие десерти со новогодишни мотиви се подготвуваат многу лесно, а секогаш ќе ве покажат во одлично „домаќинско“ светло.

Одберете си омилен десерт или направете си ги сите за собиранките:

Чоколадо со ирваси

Потребни состојки:

  • топено бело чоколадо и црно, млечно чоколадо
  • перечиња за рогови
  • бели бонбони и малку топено чоколадо капнато во средина (за зеница на очите)
  • Црвени бонбони за нос
  • Соленки за раце и нос
  • Други декорации по желба за формирање ирваси, снешковци и слично

Начин на подготовка:

Истурете ги топените чоколади на хартија за печење, наредете ги сите декорации, оставете да се излади, па исечете на парчиња.

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-02.JPG

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-03.jpg

Чоколадни елки

Потребни состојки:

  • Корнети за сладолед
  • Бонбони во различни бои
  • Стопено чоколадо
  • Бисквит вафли

Начин на подготовка:

Наполнете една чаша до пола со бонбони и одозгора ставете корнет. Наполнете го корнетот со бонбони до горе, а од страните на отворот намачкајте топено чоколадо и поклопете со бисквити (1-2 зависи од дебелината).

Наредете ги корнетите свртени со бисквитот на дното на решетка и одозгора истурете им стопено чоколадо. Наросете ги со јадливи украси и чоколадни трошки.

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-4.jpg

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-05.JPG

Чоколадни шишарки

Потребни состојки:

  • 150g топено чоколадо
  • 100г карамел
  • 50g путер
  • 50г путер од кикирики

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не се соедини смесата. Оставете да се олади, па со рака оформете топче, а потоа издолжете го во форма на конус. На конусот редете чоколаден корнфлекс со отворите свртени према нагоре.

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-5.jpg

3-deserti-so-novogodishni-motivi-za-praznichnite-sobiranki-005.JPG

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...

Најчитани неделава