Брзо и лесно – Жербо коцки кои ќе ги направите за 25 минути

Овој „старински“ рецепт ќе ве врати во детството, со неодоливиот вкус на кекс со додаток на мармалад од кајсии и ореви.

Zerbo-kocki-za-25-minuti-01.jpg

Доколку сакате да подготвите нешто слатко, без да губите премногу време, дадете им шанса на вкусните жербо коцки.

Потребни состојки – за тестото:

  • 20 g квасец
  • 100 ml млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 500 g брашно
  • ½ прашок за печиво
  • 250 g маргарин
  • 2 лажици шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 јајце

За филот:

  • 250 g мелени ореви
  • 100 g шеќер
  • 500 g мармалад од кајсии

Начин на подготовка:

1. Во млекото кое треба да биде млако го дробиме свежиот квасец и ставаме лажичка шеќер. Оставаме да се активира квасецот.

2. Во подлабок сад го ставаме брашното, прашокот за печиво и шеќерот. Го додаваме и маргаринот кој стоел на собна температура.

3. Се меша шеќерот заедно со ванилиниот шеќер и смесата се додава во онаа со млекото и квасецот.

4. На крајот ги мешаме течните со сувите состојки замесувајќи меко тесто. Го делиме на 3 дела и оставаме да мирува 15 минути.

5. Во подмачкан плех со хартија за печење ја ставаме првата кора тенко расучена. Врз неа ги нанесуваме половина од мелените ореви (125 g), и половината од шеќерот (50 g) и мармаладот од кајсии (250 g).

6. Ја нанесуваме и втората кора тенко исукана и ја повторуваме постапката со останатиот дел од филот. На крајот ја ставаме и третата кора и неколку пати го боцкаме тестото со виљушка.

7. Печеме во загреана рерна на 180˚С додека добро не зарумени. По желба, колачот може да го прелиеме со стопено темно чоколадо и уште малку мелени ореви.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Лесен колач со кајсии, идеален за летните денови Ако никогаш не сте направиле колач со кајсии, овој лесен рецепт е идеален за топ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава