Брзо и вкусно: 3 рецепти за декоративни, солени топчиња

Изненадно ви доаѓаат гости или имате ограничени ресурси, а треба да подготвите вкусно и декоративно мезе?

3-recepti-za-dekorativni-soleni-topcinja-01.jpg

Овие солени топчиња се вистинскиот избор за вас.

Се прават лесно и брзо, а со малку имагинација и минимум труд ќе бидат главни ѕвезди на трпезата. Подгответе солени топчиња во 3 варијанти:

Топчиња од спанаќ и сирење

Потребни состојки:

  • 200 g горгонзола
  • 50 g фета сирење
  • 2 чешниња лук
  • 200 g спанаќ
  • 1 лажица кисела павлака
  • Сол и бибер,
  • Пармезан и лебни трошки за увалкување

Начин на подготовка:

1. Попарете го исчистениот спанаќ во врела вода и оставете сосема кратко да се свари. Процедете и ситно исечкајте го.

2. Помешајте го спанаќот со фета сирењето, додадете ја горгонзолата исечкана на ситни парченца, ситно сечканиот лук, павлаката и зачините. Со цел смесата да биде компактна и лесно да се обликува додадете лебни трошки.

3. Обликувајте топчиња и оставате ги во фрижидер добро да се стегнат, најмалку 2 часа или во замрзнувач, околу 1 час. Непосредно пред сервирање извалкајте ги топчињата во рендан пармезан.

3-recepti-za-dekorativni-soleni-topcinja (4).jpg

Топчиња од туна и бадеми

Потребни состојки:

  • 225 g свежо кравјо сирење
  • Половина шолја туна од конзерва
  • 50 g мајонез
  • Босилек, рузмарин, бибер
  • 100 g пржени бадеми или лешници (по избор)

Начин на подготовка:

1. Помешајте ја исцедената туна со сирењето и додадете мајонез, зачини и бибер по желба, додека смесата не добие густа текстура.

2. Обликуваните топчиња извалкајте ги во исечкани бадеми или лешници кои претходно малку сте ги пропржиле. Пред послужувањето оставете ги топчињата најмалку 1 час во фрижидерот да се стегнат.

3-recepti-za-dekorativni-soleni-topcinja (2).jpg

Топчиња со сирење и сусам

Потребни состојки:

  • 100 g крем-сирење
  • 100 g кравјо сирење
  • 50 g пармезан
  • Сол и бибер по вкус
  • 2 лажици сусам (може и интегрален, по желба)

Начин на подготовка:

1. Помешајте ги сите три видови на сирење заедно со зачините и обликувајте топчиња.

2. Сусамот може кратко да го пропржите, а потоа да ги покриете топчињата со него. По желба во смесата може да додадете и ајвар, мелени кикиритки и слично.

3-recepti-za-dekorativni-soleni-topcinja (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава