Десерт на денот: Чоколадна орео торта – лесен „карантински“ рецепт

За деновите кога ви се јаде нешто благо, а не ви се купува ништо, имаме идеален рецепт за вкусна чоколадна торта со состојки кои сите ги имаме дома.

desert-na-denot-chokoladna-oreo-torta-lesen-karantinski-recept-01.jpg

Со оглед на ситуацијата, веруваме дека сите направиле умерена залиха на некои основни состојки, па не би требало да биде проблем да си направите вкусен десерт, без да одите во маркет.

Овојпат одлучивме да споделиме испробан рецепт, препорачан и подготвен од @vcarcheva – чоколадна орео торта од која сигурно ќе посакате да пробате уште веднаш кога ќе ја видите на слика.

Според неа, рецептот се подготвува лесно и брзо, нема да ви помогне да ослабете, но со сигурност ќе ви направи слатко на душата и ќе ве усреќи.

Ве предизвикуваме – пуштете ни фотки од вашата торта!

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 12 лажици шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 12 лажици млеко
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажички какaо
  • 2 темни чоколада, стопени
  • Кршени орео колачиња (или други бисквит колачиња)
  • Додатоци по ваш вкус: Чоколаден чипс, јаткасти плодови, суво свежо или смрзнато овошје

Начин на подготовка:

Изматете ги трите јајца заедно со 12-те големи лажици шеќер. Потоа додадете ги 12-те лажици брашно, 12-те лажици млеко, прашокот за печиво, двете лажички какао и едно стопено темно чоколадо. Измешајте ја смесата додека не се соедини.

Потоа во смесата додадете кршено орео (ако немате дома додадете други бисквит колачиња) и чоколаден чипс (или како замена може да додадете јаткасти плодови/овошје – пробано е секакви додатоци, вкусот е одличен).

Сите состојки се мешаат заедно додека се соединат, а потоа смесата се истура во обложено тавче со хартија за печење.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна 15 минути на 200ᵒС. 

Откако ќе се испече, се остава да се олади и се прелива со второто растопено чоколадо, а на крај се става декорација по избор.

desert-na-denot-chokoladna-oreo-torta-lesen-karantinski-recept-02 (1).jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава