Талентирана Македонка за која готвењето е уметност: 8 предлог рецепти од Викторија Кочишка


Талентирана Македонка за која готвењето е уметност: 8 предлог рецепти од Викторија Кочишка

Оваа Македонка има кулинарски талент и Инстаграм профил со кулинарски дела кои дефинитивно отвораат апетит. Кои се нејзините омилени рецепти?

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-01.jpg

Кога ќе го погледнете нејзиниот Инстаграм профил преполн со прекрасни кулинарски дела, веднаш ви се појавува апетит.

Секој рецепт е внимателно приготвен, храната е убаво декорирана и сè изобилува со бои. Речиси како преку фотографии да можете да ги почувствувате мирисот и вкусот на прекрасните јадења.

Викторија Кочишка Димитријева, 27 години, мајка и сопруга, по професија е инженер по индустриски дизајн, но дизајнот и креативноста вели дека ѝ останува да ги употребува во уредувањето на домот, декорирањето и експериментирањето со храната.

Инаку, работи како marketing event coordinator во нивната семејна фирма за техничка реализација на концерти, фестивали, конференции и други настани.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-08.JPG

Со неа поразговаравме од каде пасијата за готвењето, како и нејзините омилени рецепти во предлог дневно мени.

„Почнав да учам насоки во готвењето од мојата мајка уште од средно училиште. Пасијата за готвењето ми се зголеми и почнав да си ја реализирам последниве години. Благодарение на интернетот и палетата на рецепти, нови и различни состојки и видеа како се приготвува она што ни се допаѓа, успеав да си реализирам мои рецепти. Со учење на различни комбинации на состојки, со истражување на вкусови и интересни декорирања.

Бидејќи сум мајка на 10 месечно синче, кое почнав да го хранам со зеленчук и овошје на 5 месеци, дополнително си стекнав навика кујната да ми е омилено катче во домот, а готвењето да ми е омилено хоби. Секојдневното подготвување на здрави оброци за мојот син и експериментирање на нови рецепти за останатите членови од семејството, ми го прави денот уште поубав.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-11.jpg

Навика ми е дека денот без појадок не може да започне. Токму затоа секое утро имам лесен појадок со овошје, житарки, интегрално лепче со хумус и авокадо итн. Јогуртот не го исклучувам од комбинација за појадок. И smoothie подготвувам со јогурт. Можеби за некој е чудно, но верувајте многу е вкусно, освежува и заситува.

Кога правам појадок smoothie или каша, подготвувам за мене и за мојот син. Житарките кои ги користам за син ми (амарант, просо, киноа, овес) ги подготвувам во поголема количина и користам 1 голема лажица во мојот smoothie bowl.“

Нејзините омилени рецепти:

Smoothie bowl со шумско овошје

  • 1 чаша јогурт
  • 1 банана
  • 2 големи лажици аронија
  • 2 големи лажици малини
  • 2 големи лажици капини
  • 1 мала лажица кокосово масло
  • Пола мала лажица цимет

Секој ваков оброк го декорирам различно.

Користам чија семе, кокосов чипс, семки од сончоглед и тиква, јаткасти плодови, јагоди, портокал, боровници, гоџи бери, овес, какао, ситни парчиња чоколадо итн.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-02.jpg

Рижото со морски плодови

Потребни состојки за оброк за двајца:

  • Кесичка смрзнати ситни морски плодови
  • Ориз за рижото 200 гр
  • 1 чаша бело вино
  • 1 мала лажица вегета
  • 1 голема лажица путер
  • 1 коцка супа
  • 1 кромид
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  • Прво треба да ги подготвите морските плодови и супата. Морските плодови се варат 10 минути во вода со неколку капки зејтин и малку сол. Во пола литар вода се вари коцка супа.
  • Потоа ја започнувате процедурата за овој вкусен оброк. Кромидот се сечка на ситно и се пржи на тава (не смее да загори).
  • Потоа се додава оризот и се пржи заедно.
  • Се додава путерот и се меша постојано. Се додава бело вино и се меша постојано. Се додава вегета и бибер.
  • Постепено се додава од супата и се меша. Како што ја впива течноста - така додавате сè додека не е готово рижотото.
  • Се додаваат морските плодови и се меша неколку минути.

Во нашиот дом, секој ручек се комбинира со салата. Затоа си дадов можност да си направам комбинација од различни видови салати со интересни здрави сосови.

Секоја салата е зачинета со маслиново масло и оцет балсамико/сок од лимон. Прекрасен крцкав вкус даваат семките од сончоглед и тиква кои претходно ги печам на тава.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-04.JPG

Салата со моркови, авокадо, песто и сенф во зрна

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • 3 моркови
  • 2 млади кромитчиња
  • Пола китка магданос
  • Изрендана кора од лимон
  • 1 мала лажица песто
  • 1 мала лажица сенф во зрна
  • Маслиново масло, оцет балсамико,
  • сол и бибер

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-06.JPG

Салата со сос од авокадо, лимон и лук

Потребни состојки:

  • 1 рукола
  • Пола марула
  • 4 ротквици
  • 1 конзерва пченка

Состојки за сосот:

  • 1 авокадо
  • 1 младо лукче
  • Пола китка магданос
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • Сол и бибер
  • Сок од 1 цеден лимон

Состојките за сосот се блендираат.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-05.JPG

Уште 4 рецепти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 рецепти за здрави мезиња, приготвени на вкусен начин Здравите јадења не значи дека не може да се приготват на вкусен начин, а овие ре...
Рецепт за летните собиранки: Мини пица такоси Во овие топли денови на никој не му е дојдено до готвење и долги часови поминати...
Посна, полнета погача - идеална за да си ја понесете на работа за појадок На сите ни е смачено да мислиме што ќе јадеме на работа денес, а дилемата се оте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg