Чоколадно суфле кое лесно ќе го направите на кујнската рингла
Меко во средината и крцкаво однадвор, воздушесто, со богат чоколаден вкус… кој може да му одолее на чоколадното суфле?

Лесно може да го подготвите со едноставни состојки и директно на кујнската рингла, без печење и премногу мака.
Потребни состојки:
- 100 g рафиниран, бел шеќер
- 100 g сончогледово масло
- 100 ml млеко
- 1 јајце
- 1 пакетче ванилин шеќер (или 1 лажица екстракт од ванила)
- 1 пакетче прашок за печиво
- 2 лажици какао
- 8 лажици брашно
- Малку путер за премачкување
Начин на подготовка:
- Јајцето се мати со шеќерот и ванилиниот шеќер.
- Се додава полека маслото, па млекото, се промешува, а сосема на крајот се додава какаото, брашното и прашокот за печиво.
- Подготвените садови (најдобро керамички или порцелански, секако огноотпорни) се премачкуваат со путер.
- Се полнат со смесата, но внимавајте да не ги преполните, бидејќи истата ќе нарасне, па оставете простор околу 2 прста. Директно во смесата ставете 2 коцки чоколадо по избор, млечно или темно.
- Во поголемо тенџере налијте вода, околу 1,5 cm и наредете ги садовите со смесата. На највисока температура и загреана рингла, покријте го тенџерето со чиста крпа, па поставете го капакот.
- Оставете го суфлето да се готви околу 15 минути, без да го отворате капакот.
- Сервирајте со свежо овошје по желба или посипете во суфлето со шеќер во прав.



(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...