Неодоливо слатки сендвичи со сладолед, потопени во чоколадо
Овој лесен, едноставен, сладок рецепт ќе го обожаваат сите дома – од најмладите до најстарите, како и сите ваши пријатели. Одличен за освежување и моментите кога не сте баш расположени за правење на комплицирани десерти.

Направете си слатки, мини сендвичи со сладолед по ваш избор, потопете ги во чоколадо и уживајте во денот.
Потребни состојки (за 4 колачи):
- 4 големи лажици сладолед по вкус (чоколаден, ванила, шумско овошје итн.)
- 8 чоколадирани кружни бисквити
- 85 g млечно чоколадо
Начин на подготовка:
- Секоја од четирите топки сладолед, избран според вашиот вкус, ставете ја помеѓу 2 чоколадни бисквити. Образувајте мали сендвичиња и ставете ги најмалку 15 минути во замрзнувачот за да се стегнат.
- Во меѓувреме, стопете го чоколадото на пареа. Потопете ја само едната страна од слаткото сендвиче и вратете ги сите повторно во замрзнувачот да се оладат, околу 5 минути.


(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Домашно тирамису со совршен вкус - ќе уживате во секој залак
Лесно е, кремасто, со комбинација од сладок и горчлив вкус, што го прави еден од...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете
Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...