Летна мусака - лесен ручек со модар домат и тиквички

Одморете од традиционалната мусака и испробајте го лесниот ручек на база на зеленчуци.

letna-musaka-lesen-rucek-so-modar-patlidzan-i-tikvicki-001_resize.jpg

Летната мусака се состои од зеленчуци кои сигурно ги консумирате во топлиот период од годината, а кога ќе ги искомбинирате заедно – добивате совршен ручек за целото семејство.

Потребни состојки:

  • 4 компири
  • 2 модри домати
  • 2 тиквички
  • 3 домати
  • 2 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 5 пиперки
  • Сол, бибер, маслиново масло
  • 500ml свежо млеко
  • 4 лажици брашно

Подготовка:

  • Исчистете го зеленчукот од семки и лушпи.
  • Подмачкајте едно тавче со маслиново масло, па наредете ред компири, ред модар домат (половина од вкупната количина која е потребна за рецептот).
  • Доматот исечкајте го ситно и помешајте го со претходно испечени пиперки. Зачинете по желба.
  • Смесата со домати и пиперки истурете ја врз модриот домат.
  • Лукот и кромидот продинстајте ги на малку масло и додадете ги ситно исечканите тиквички. Тоа е претпоследниот слој на мусаката.
  • Завршете со уште еден слој модри патлиџани (останатата половина).
  • Покријте со фолија и печете на 250 степени.
  • Додека мусаката се пече, подгответе го преливот. Помешајте го млекото со брашното додека не добиете хомогена смеса и зачинете со 1 лажичка сол.
  • Прелијте ја мусаката кога ќе биде при крај и печете уште 15-20 минути.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Фритата со тиквички и кашкавал - вкусен оброк што се топи во уста Фритата е вид потпечена кајгана, со додатоци по вкус. Овој пат ви нудиме рецепт ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава