Десерт на денот: Летна торта со бисквити, без печење
Кога ќе ви се пријаде благо во топлите денови – оваа чоколадна торта со бисквити е идеална за вас.

Најдоброто е што не мора да се пече – се подготвува филот, се редат бисквитите, се лади и сервира!
Лесно се подготвува и ќе ви стане омилен рецепт летово.
Потребни состојки:
- 150g бисквити
- 150g чоколадни бисквити
За кремот:
- 490ml млеко
- 100g шеќер
- 2 жолчки од јајце
- 2 лажици нишесте
- 2 лажици путер
- 10g ванилин шеќер
- 80g чоколадо
- 100ml шлаг пена
За премачкување и прелив:
- 150ml шлаг пена (за премачкување)
- 100ml шлаг пена (за прелив)
- 80g чоколадо (за прелив)
- Кршени ф’стаци (декорација)
Начин на подготовка:
- Ставете ги на оган млекото, шеќерот, нишестето и жолчките. Мешајте додека не добиете кремаста смеса, а потоа тргнете го тавчето од оган.
- Додадете го путерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и мешајте. Додадете го и шлагот и повторно мешајте.
- Намачкајте ги бисквитите со кремот и редете ги наизменично во кружен калап. Покријте ги со пластична фолија и оставете да се ладат 2 часа во фрижидер.
- Извадете ги бисквитите во форма на торта од калапот и премачкајте со изматена шлаг пена од сите страни.
- Стопете го чоколадото и измешајте со шлаг пена додека смесата не се соедини, а потоа прелијте ја тортата.
- Декорирајте со кршени ф’стаци или јаткасти плодови по желба.
Погледнете видео со постапка:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста
Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...