Рецепт за чоколаден намаз кој може да го консумирате и кога слабеете
Со овој рецепт не мора да „бегате“ од чоколадото дури и кога сте на диета.

Постапката и состојките се многу едноставни и достапни, а важно е да знаете дека колку што е појак блендерот во кој го подготвувате намазот, толку ќе биде покремаст.
Освен блендер, за изработка ќе ви требаат:
- 1 шолја лешници, печени и лупени
- Малку индиски ореви (10-тина парчиња)
- 3 големи лажици растопен какао путер
- 2-3 лажици какао прав
- Малку топла вода
- Мед
Подготовка:
Се блендираат прво лешниците со индиските ореви додека не се иситнат добро, а потоа се додаваат останатите состојки. Блендирајте неколку минути со повремени паузи за промешување на кремот.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...