Летен десерт: Сендвич колачиња со сладолед потопени во чоколадо

За оние на кои им паѓа шеќерот и на топло време – идеален десерт се сендвич колачите со сладолед за освежување.

leten-desert-sendvich-kolachinja-so-sladoled-potopeni-vo-chokolado-01.jpg

Иако за некои е полесно да си купат еден сладолед, друго е задоволството кога сами ќе си подготвите десерт по вкус.

Израдувајте ги најблиските со освежителни сладолед колачиња, потопени во чоколадо.

Потребни состојки:

  • 300g сладолед од ванила (или друг вкус по желба), малку растопен

  • За смесата:
  • 125g брашно
  • ½ лажица сода бикарбона
  • 75g путер, стопен
  • 100g кафеав шеќер
  • 70g бел шеќер
  • 1 јајце
  • ½ лажица екстракт од ванила
  • 130g чоколаден чипс

  • За чоколаден прелив:
  • 300g чоколаден чипс
  • Малку оризови снегулки

leten-desert-sendvich-kolachinja-so-sladoled-potopeni-vo-chokolado-02.jpeg

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 160ᵒС.
  • Распоредете го омекнатиот сладолед во четвртаста тава врз харија за печење. Измазнете ја смесата и ставете да се смрзне додека не се стврдне.
  • Измешајте ги брашното, содата, солта, путерот, двата типа шеќер, јајцето, екстрактот од ванила.
  • Откако ќе ја соедините смесата додадете го и чоколадниот чипс за смесата и мешајте повторно.
  • Разнесете ја смесата врз тава или калап со иста големина како за сладоледот и печете 15 минути, а потоа оставете ја малку на собна температура.
  • Исечете го колачот на повеќе мали, коцкасти парчиња.
  • Извадете го сладоледот и исечете го на помал број парчиња, подолгнавести. Ставете го назад во фрижидер.
  • Стопете го чоколадниот чипс и измешајте го со оризовите снегулки и тргнете го настрана.
  • Земете парче сладолед во форма на правоаголник и ставете го помеѓу две коцки од колачите.
  • Едниот крај на сладоледот потопете го во стопеното чоколадо.
  • Ставајте ги сендвичите на хартија за печење и ставете да се смрзнат и стврднат.

Погледнете детална постапка во видеото:

https://www.facebook.com/watch/?v=1112419585511874

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Во кујна со Сања Савеска: Божиќни путер колачиња, совршени за празничната трпеза „Готвењето е мојата голема љубов уште од кога бев мала. Никогаш не ми е мак...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава