Како да сте на Блед - направете си домашна, крцкава кремпита
Посетата на езерото Блед не може да помине без традиционалната кремпита, а оваа сезона изгледа е најдобро сами да си ја направиме.

Неодолива крцкава пита полнета со фил од ванила за која вреди да вложите малку труд во кујна.
Можеби ќе ве потсети и на грчките кремпити, па ќе ве однесе на гастрономско патување од дома.
Потребни состојки:
- 1 ролна готово лиснато тесто
- 6 јајца
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 пакетче пудинг од ванила во прав
- 1 l млеко
- 150g брашно
- 3l слатка павлака/хопла
- 50g шеќер во прав
- 150g шеќер
- 1 лажица рум

Начин на подготовка:
- Поделете го тестото на два еднакви дела и расукајте ги колку што е можно потенко во правоаголна форма.
- Двете парчиња тесто се разнесуваат по целата површина за да се избегнат меурчиња во тестото.
- Ставете да се печат на 220ᵒС околу 15 минути, но одвоено.
- Потоа се подготвува кремот од пудинг. Измешајте ги во сад шеќерот и ванилиниот шеќер во ½ литар млеко и ставете да се вари.
- Во меѓувреме, во друг сад, измешајте го пудингот во прав со 2 жолчки, брашното и другата половина литар млеко.
- Кога млекото од првиот сад ќе се свари, истурете ја мешавината во смесата со жолчките и пудингот.
- Мешајте постојано и додадете ја лажицата рум, а потоа оставете малку да се излади.
- Изматете 4 белки и пената ставете ја во кремот од пудинг.
- Истурете ја мешавината на еден слој од тестото кое ќе стои врз хартија за печење, распоредете го еднакво кремот насекаде и ставете го во фрижидер.
- Во меѓувреме изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав.
- Истурете ја оваа смеса врз изладениот пудинг фил, распоредена насекаде.
- Другото тесто исечете го на коцки со иста големина и наредете ги одозгора.
- Посипете шеќер во прав и послужете.

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство
Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...