Совршена летна пица со моцарела, босилек и пченка

Доколку сакате да испробате нешто ново и интересно, поедноставнета верзија на пица со помалку тешки состојки за летниот период, го имаме вистинскиот рецепт за вас.

Sovrsena-letna-pizza-so-mocarela-bosilek-i-pcenka-01.jpg

Тенко, крцкаво тесто, многу доматен сос, моцарела, босилек и пченка. Совршена комбинација, лесно и вкусно.

Потребни состојки:

  • 1 готово тесто за пица (или домашно ако сте вешти)
  • 3-4 лажици доматен сос
  • ½ шолја свежо рендана моцарела
  • Неколку шери домати пресечени на половина
  • 225 g дополнителен кашкавал по желба
  • Малку пченка (свежа или од конзерва)
  • Сол и бибер по вкус
  • Неколку свежи ливчиња босилек

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 250°C. Ставете го тестото врз хартија за печење.

Додадете го доматниот сос врз тестото. Ставете го кашкавалот и моцарелата, зачинете по желба и печете 10-12 минути додека сирењето и кашкавалот не започнат да прават меурчиња, а кората не стане златножолта.

Извадете ја пицата од рерната и веднаш додадете ги шери доматите, пченката, босилекот и сосема малку сол.

Sovrsena-letna-pizza-so-mocarela-bosilek-i-pcenka (1).jpg

Sovrsena-letna-pizza-so-mocarela-bosilek-i-pcenka (2).jpg

Sovrsena-letna-pizza-so-mocarela-bosilek-i-pcenka (3).jpg

Sovrsena-letna-pizza-so-mocarela-bosilek-i-pcenka (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Без месење: Погача во форма на елка, полнета со моцарела и чили - за празничната трпеза Лесен и вкусен рецепт за погача во форма на елка, која ќе ја збогати вашата праз...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Потпечен модар патлиџан во доматен сос, по грчки рецепт Почнува сезоната на модри патлиџани, а со тоа и некои од нашите омилени јадења -...

Најчитани неделава