Освежување за време на топлотен бран – Домашен сладолед од диња
Освежителен сладолед од диња во изладен дом или во двор под сенка е идеално освежување за деновиве кога најавуваат топлотен бран во земјава.

Освен деновиве, овој сладолед е идеално слатко и освежително задоволство за во текот на целото лето.
Искористете ја сезоната на диња и освен што ќе ја јадете на парчиња, направете си и освежителен десерт.
Потребни состојки:
- 300ml слатка павлака
- 200g шеќер
- 1 зрела диња
- Сок од 1 лимон
- Малку мелени ф’стаци
- Малку мелени бадеми
- Малку мелени лешници

Начин на подготовка:
- Во сад измешајте ги слатката павлака и шеќерот. Ставете малку на оган да се растопи и мешајте додека шеќерот целосно не се стопи и смесата се соедини, а потоа тргнете го настрана садот.
- Отстранете ја кората од дињата и исчистете ја од семки, а потоа исечкајте на ситни парчиња.
- Изблендирајте ја дињата заедно со сокот од лимон. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.
- Потоа додадете ја смесата од слатка павлака и матете уште малку.
- Смесата истурете ја во сад и оставете ја во замрзнувач да се стегне. Повремено може да ја промешувате за да не се создадат кристали од мразот.
- Пред да послужите, топката сладолед извалкајте ја во мелени јаткасти плодови или наросете ги одозгора.

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите
Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Домашен мармалад од кајсии, по рецепт на мајка ми – направивме 5 тегли во еден ден, во стан
Кога бевме помали, баба ми го правеше најубавиот мармалад од кајсии, а сега мајк...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење
Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...