Полнети, запечени палачинки со сезонски зеленчук
Полнење кое наликува на познатиот француски специјалитет рататуи, овој рецепт ќе ве воодушеви поради својата едноставност и добриот вкус.

Во стандардната смеса за палачинки наместо шеќер додадете само сол, а може да ги зачините дополнително со омилените зачини. Одлична идеја е да додадете магдонос, малку куркума, димена црвена пиперка или чили зачин.
Доколку сте љубители на месо слободно можете покрај полнењето со зеленчук да додадете и колбас или малку сланина.
Потребни состојки
Зеленчукот може да биде по избор зависно од сезоната, а количината по избор:
- Палачинки
- 1 црвена пиперка
- 1 кромид
- 1 патлиџан
- 1 тиквичка
- 1 чешне лук
- 400 g пелат домати
- Сол, бибер и свеж сечкан босилек
- Моцарела
- Кашкавал за одозгора
- Маслиново масло
Начин на подготовка:
- Во тава загрејте го маслиновото масло па додадете го сечканиот кромид. Додадете го зеленчукот исечкан на коцки и гответе околу 5 минути, а иситнетиот лук додадете го на крај, 20-тина секунди.
- Зачинете и додадете ги пелат доматите. На крајот ставете го свежиот босилек.
- Загрејте ја рерната на 200°C.
- Наполнете ја секоја палачинка со подготвениот сос од зеленчук и додадете рендана моцарела, а потоа завиткајте ја секоја.
- Подредете ги наполнетите палачинки во огноотпорен сад премачкан со масло и печете ги околу 10 минути.
- Пред крајот може да додадете кашкавал или моцарела одозгора и да печете додека не се растопи.
- По печењето може да ги прелиете со сос од грчки јогурт, зачини и лук, по желба, овој дел е опционален секако.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...