„Гарден фокача“ - неодолива погача со декоративен изглед, од која ќе барате парче повеќе
Доколку ви се наоѓаат остатоци од зеленчук во фрижидерот, ви предлагаме вкусно гастрономско решение – да ги употребите во оваа вкусна гарден фокача. Освен што мами со изгледот, вкусот е неверојатен, а креативноста може да ја пуштите на најсилно кога станува збор за подредувањето на зеленчукот.

Може да искористите маслинки, тиквички, магдонос, моркови, домати… изборот е огромен. Најубаво се јаде додека е топла, а еве како да ја направите, идеална за појадок или вечера:
Потребни состојки:
- 450g брашно
- 1 лажичка сол
- 8 g сув квасец
- 130 ml ладно цедено маслиново масло
- околу 400 ml вода
- *зеленчук по избор
Начин на подготовка:
- Ставете го брашното во подлабок сад и измешајте го со солта и сувиот квасец.
- Направете дупка во средината и додадете 100 ml маслиново масло + 300 ml вода.
- Помешајте и доддадете уште вода (околу 100 ml) додека не добиете многу меко, но не премногу лепливо тесто.
- Месете додека тестото не стане меко и еластично, околу 10-12 минути е потребното време за рачна обработка.
- Оставете го тестото да „одмори“ добро покриено околу 1 час и 30 минути.
- Потоа префрлете го тестото во плех за печење и лесно растегнете го со рацете.
- Премачкајте го со маслиново масло и оставете го да кисне уште 1 час.
- Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200°C.
- Со прстите втиснете дупчиња во тестото и започнете да го украсувате со исечканиот зеленчук.
- Помешајте ги преостанатите 30 ml масло и околу 30 ml вода па истурете ја течноста врз фокачата. По желба додатно посолете ја.
- Печете ја фокачата околу 30 минути или додека не добие златна боја.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...