Брза, солена торта која ќе ве воодушеви од прво залче

Се прави неверојатно лесно и брзо, а сите кои ќе ја пробаат ќе бидат воодушевени од вкусот на оваа солена торта. 

Brza-solena-torta-01.jpg

Одлична за мезе, па дури и појадок или закуска, ги содржи сите вкусови кои ги сакаме, меѓу кои и оној најтипичен за есенската сезона, вкусот на ајварот:

Потребни состојки:

За тестото

  • 6 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 4 gr прашок за печиво
  • 30 gr спанаќ
  • 1 лажица ајвар
  • Прстофат сол

За филот

  • 400 g фета сирење (или павлака како замена)
  • 300 g шунка
  • 70 g потпечен сусам
  • 100 g путер или маргарин

Начин на подготовка:

  • Изматете 6 белки додека не добиете пенест крем. Додадете ги 6-те жолчки, солта и прашокот за печиво. Матете уште малку и додадете 6 лажици брашно.
  • Смесата поделете ја рамномерно во 3 чинии. Во едната не додавајте ништо. Во другата додадете малку ајвар, а во третата сечканиот спанаќ.
  • Испечете ги трите кори поединечно во загреана рерна на 200 степени, во кружен капа со пречник од 25 cm, поставен со хартија за печење. Доволно е да ги печете само неколку минути. Внимавајте да не ви загорат и проверете со чепкалка дали тестото е печено.
  • Направете го филот за тортата од здробено фета сирење (или павлака) во кој ќе го додадете потпечениот сусам и стопениот путер.
  • Почнете со филување на корите: обична кора, па фил од сирење, па наредете кругови од шунката, па кора со ајвар, повторно фил и кората со спанаќ (или по редослед како што сакате).
  • На крајот премачкајте ја тортата со филот од сирење и нарендајте кашкавал и/или сусам врз неа. Оставете ја тортата добро да се стегне преку ноќ во фрижидерот за да се соединат вкусовите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...

Најчитани неделава