Рецепт кој е синоним за есен: Јаболка во тесто за палачинки
За поховани јаболка сигурно до сега не сте слушнале, а уште помалку пробале. Затоа денес ви го откриваме вкусот на есента.

Рецептот е многу едноставен, исто како и потребните состојки за него.
Погоден е за појадок или сладок десерт, за со топло чајче или кафе.
Потребни состојки:
- 3 поголеми јаболка
- 2 јајца
- 200g брашно
- 2 лажици рум
- 200ml млеко
- 50g шеќер
- Малку сол
- 100g скробно брашно (нишесте)
- 10 ml масло за пржење
Подготовка:
- Изматете ги двете јајца со сол, шеќер и рум. Ставете го брашното и млекото и матете додека не добиете мазна смеса како за палачинки, само малку погуста.
- Јаболката измијте ги и излупете ги, па исечкајте ги на кругови со дебелина од 1 сантиметар.
- Загрејте го маслото на тавче.
- Со виљушка земете ги парчињата исчистени јаболка и ставете ги во скробното брашно. Нека отстојат неколку минути.
- Пред пржење, секое парче јаболка брцнете го во смесата за палачинки и внимателно спуштете го во тавчето за пржење. Пржете додека не добие румена боја.
- Извадете ги похованите јаболка на салветка да се исцедат од маснотијата и послужете ги со шеќер во прав, цимет или уште малку рум и мед.


М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...