Прелиени топчиња од мелено месо – брза пита за цело семејство

Вкусно, количински доволно за цело семејство, а лесно за подготовка – вака некако звучи идеалниот ручек.

prelieni-topcinja-od-meleno-meso-brz-rucek-za-celo-semejstvo-01.jpg

Овие прелиени топчиња од мелено месо ги исполнуваат сите критериуми.

Потребни состојки:

  • 400g мелено месо
  • 200ml кефир
  • 200g брашно
  • 1 лажица масло
  • ½ лажичка сода бикарбона
  • ½ главица кромид
  • Сол, бибер
  • И неколку кругови домати

Подготовка:

  • Зачинете го месото по желба како за ќофтиња и направете топчиња од него.
  • Состојките за тестото соединете ги додека не добиете средно густа смеса. Третина од смесата претурете ја во подмачкана тава.
  • Врз неа, наредете ги топчињата месо, па прелијте ја останатата смеса.
  • Печете 10-тина минути, извадете ја тавата и наредете ги круговите домати.
  • Продолжете да печете уште 15-20 минути на 180 степени.

prelieni-topcinja-od-meleno-meso-brz-rucek-za-celo-semejstvo-02.jpeg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава