Совршен есенски ручек: гравче-тавче со везени, суви пиперки за лижење прсти
Зарем има помакедонски ручек од гравче-тавче? А кога е во комбинација со везени, суви пиперки, приказната завршува тука. Започнува апетитот и барање за репете порција.

Гравчето е дефинитивно јадење за секоја сезона, но особена добар шмек има наесен, кога црвените суви пиперки му даваат додатен шмек и вкус:
Потребни состојки:
- 500 g тетовски грав
- 2 главици кромид
- Неколку суви, везени пиперки
- За запршката:
- 2-3 лажици бело брашно
- 1 лажица буковец
- 1 лажица црвен пипер
- 2-3 лукчиња
- Сончогледово масло по потреба
- Сол, бибер, мешан сув зачин, ловоров лист
Начин на подготовка:
- Гравот се покиснува во вода и се остава преку ноќ. Утредента се истура водата, се става нова (околу 2-2,5 l) и се вари во експрес лонец, заедно со кромидот и сувите пиперки. Внимавајте да не го преварите, потребни ви се 10-15 минути минути, бидејќи е веќе „откиснат“.
- Во меѓувреме се подготвува запршката. На масло се пропржува брашното на тивко, се додава ситно сечкано лукче и зачини по желба. При крајот се додава кромидот од експрес лонецот кој веќе е омекнат и пожелно е да се испасира во блендер. Добро ја мешаме запршката.
- Во подлабок земјен сад или огноотпорна тава го промешува гравчето со запршката. Врз него ги ставаме везените пиперки и по желба кромид на тркалца.
- Печеме со капак во загреана рерна на 200 степени. Откако водата ќе изврие, го тргаме капакот и оставаме гравчето да се запече со тенок „сув“ слој, но сосема кратко за да не изгори.


(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал
Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...