„Подобра и од руска“ – Метропол салата, совршена за мезе и во комбинација со скара
Есента значи пониски температури и „појаки“ јадења. Овој пат имаме одлична крем-салата која ја надминува и добро познатата „руска“ салата. Слична, но сепак различна.

Доколку сакате да испробате нешто ново, нашиот предлог е Метропол салата:
Потребни состојки:
- 4-5 компири со средна големина
- 2-3 моркови
- 4 јајца
- ½ страк праз
- 150 g чадено мисиркино месо
- 180 g кисела павлака + 150 ml мајонез
- 1 лажичка сенф
- ½ лажичка сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
- Сварете ги компирите и морковите во солена вода, а потоа исечкајте ги на ситни коцки.
- Сварете ги јајцата (варете околу 8 минути), а потоа прелијте ги со ладна вода. Откако добро ќе се оладат, излупете ги и исечкајте ги ситно.
- Исечкајте ги ситно празот, посолете и оставете го да отстои околу 30 минути.
- Исечкајте го ситно и мисиркиното месо и заедно со останатите подготвени состојки измешајте ги во подлабок сад.
- Помешајте го мајонезот со киселата павлака и сенфот и додадете во садот. Зачинете по вкус со сол и бибер.
- Салатата може да ја подготвите и 2 дена порано и да стои во фрижидерот на ладно, бидејќи така вкусовите подобро ќе се соединат.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Лесна салата со кремаст сос и крцкави компири - одлична и како прилог и како главно јадење
Крцкави компири, прелив од јогурт и мајонез, со микс од неколку билки и видови з...