3 нови рецепти од модри домати - солениот вкус на есента
Модриот домат е лесно да го претворите во нискокалоричен, а сепак вкусен ручек, додаток или сос, без многу мака.

Есента е идеална за уживање во неговите благодети, па затоа ви предлагаме 3 нови начини на кои може да го вкусите:
Болоњезе од модри домати
Состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 мала главица виолетов кромид
- 1 целер
- 2 моркови
- Сол и бибер
- 3 чешниња лук
- 1 модар домат
- 3-4 свежи домати
- Зачини по желба
Начин на подготовка:
- На загреано масло ставете ги целерот, кромидот и морковот, исечкани на коцки. Посолете и пржете 6 до 8 минути.
- Додајте го модриот домат исечкан на коцки и пржете додека не омекне, па на крај додадете ги и доматите.
- Гответе 20-тина минути на среден оган, па на крај додадете го иситнетиот лук и зачините кои ги одбравте.
- Користете го како сос за тестенини или за подготовка на лазањи.

Салата од модри домати
Состојки:
- 2 големи модри домати
- 1 мала главица кромид
- 2 домати
- 1 чешне лук, изрендано
- ¼ шолја свежо исцеден док од лимон
- Неколку ливчиња магдонос, босилек и нане
- Сол, оцет
Начин на подготовка:
- Целите модри домати испечете ги околу 30-тина минути, вртејќи ги на 5 минути за рамномерно печење.
- Оставете ги да се оладат, а потоа одвојте го внатрешниот дел од нив и иситнете го.
- Помешајте ги сите состојки, освен доматите и добро промешајте.
- На крајот, исечкајте ги доматите на поголеми коцки и нежно промешајте.
- Може да се служи како прилог на главното јадење.

Сос од модри домати и хумус
Состојки:
- 2 големи модри домати
- 125ml хумус по желба
- Сок од 2 големи лимони
- Малку изрендан лук
- 1 лажица маслиново масло
- Зачини по желба
Начин на подготовка:
- Исечете ги модрите домати на половина, па на маслиново масло печете ги на 200 степени, додека не добијат темна кора.
- Извадете ја внатрешноста на модрите домати и помешајте ја со сите останати состојки. Ако смесата е прегуста, слободно капнете неколку капки вода.
- Сервирајте со чипс, соленки или било што за мацкање по ваша желба.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома
Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...