Крцкави однадвор, меки однатре: Направете си домашни шеќерни крофнички
Мини топчиња меки како душа, извалкани во шеќер, идеални за студените, есенски денови.

Иако можеби мини крофните за многумина се асоцијација на лето и плажа, сепак ние ви го препорачуваме и за оваа сезона.
Направете си брзо и лесно мини крофнички, извалкајте ги во шеќер, а по желба, може да ги јадете со чоколаден крем или џем.
Потребни состојки:
- 500g брашно
- 200ml топла вода
- 100g шеќер
- 50g путер, на собна температура
- 2 лажички екстракт од ванила
- 2 лажички сув квасц
- ½ лажичка сол
- Шеќер за увалкување
Начин на подготовка:
- Измешајте ги брашното, солта, сувиот квасец, шеќерот.
- Додадете ги топлата вода, екстрактот од ванила и повторно измешајте.
- Потоа додадете го путерот и добро измешајте ја смесата.
- Покријте со капат и оставете тестото да се подигне, 1 час.
- Од тестото одвојувајте по малку и формирајте мали топчиња кои ќе ги оставите и покриете со крпа 20 минути.
- Потоа пржете ги топчињата во голема количина врел зејтин.
- Пред сервирање, извалкајте ги во шеќер.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за совршени печени компири – крцкави однадвор, меки однатре
Ако барате рецепт за совршени печени компири, пробајте да ги подготвите на овој ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ
„Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка
Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...