5 брзи (природни) сосови со кои може да ги сервирате мезињата
Сосовите го подобруваат вкусот на јадењата давајќи им сосема поинаква димензија. Меѓу најпопуларните се кечапот и мајонезот, но мора да признаеме дека понекогаш сакаме да пробаме нешто поразлично.

Кечапот одамна се најде на списокот на производи што не треба често да се консумираат, а мајонезот дефинитивно не му е сојузник на фит изгледот на телото и брзо се расипува.
Испробајте ги следните 5 одлични рецепти за сосови без кечап и мајонез, а најважно е дека сите содржат природни состојки:
Шпански салса сос
Потребни состојки:
- 15 шери домати;
- 1 чешне лук;
- 20g кромид;
- 20g копар;
- 1 лажичка балсамико оцет;
- 1 лажица доматно пире;
- 1 лажица маслиново масло;
- сол и бибер по вкус.
Начин на подготовка:
- Доматите, кромидот и копарот се мијат;
- Во блендер се ставаат доматите, лукот, кромидот и копарот и се блендираат додека не добиете паста;
- Во оваа мешавина се додава балсамико оцет, доматно пире и маслиново масло и се додава сол и бибер по вкус.

Лесен прелив за салата
Потребни состојки:
- 3 лажици маслиново масло;
- 2 лажици балсамико оцет;
- 1 чешне лук (ситно исечкан);
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во тегла се става маслиново масло и балсамико оцет, а потоа се додава лукот;
- На состојките им се додава сол и бибер по вку;
- Теглата се затвора со капаче и добро се протресува за да се соединат состојките.

Сос со копар
Потребни состојки:
- 20g свеж копар (ситно исечкан);
- 6 чешниња лук;
- 1 лимон;
- ½ лажичка рендана кора од лимон;
- 100ml маслиново масло;
- сол по вкус.
Начин на подготовка:
- Кората од лимон се ренда со ренде и се цеди сокот од лимонот;
- Сите наведени состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека не добиете течна смеса.

Песто сос
- 60g свеж босилек;
- 2 чешниња лук;
- 50g пармезан;
- 3 лажици пињоли (семки од бор);
- 100ml маслиново масло;
- сол по вкус.
Начин на подготовка:
- Босилекот се мие и се остава да се исуши, исчистениот лук грубо се сечка со нож, а пармезанот се ренда со ренде;
- Сите состојки се ставаат во блендер: лукот, босилекот (цели стебленца), пармезанот, пињолите, третина маслиново масло и малку сол;
- Состојките се блендираат, а постепено се додава остатокот од маслиновото масло за да се добие густ песто сос;
- Внимавајте песто сосот да биде хомоген.

Сос со топено сирење
Потребни состојки:
- 200g топено сирење;
- 10ml маслиново масло;
- 200ml неутрална павлака;
- 3 лажици пињоли (семки од бор);
- 50g тврдо сирење;
- зачини по желба.
Начин на подготовка:
- Топеното сирење, маслиновото масло и неутралната павлака се мешаат во мал сад за готвење;
- Оваа мешавина се вари на тивок оган додека не зоврие;
- Се намалува температурата на ринглата и се додаваат ренданото тврдо сирење и зачини по вкус;
- Сирењето се вари уште три минути и се исклучува.

(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...